Повеќето од половината од 132-та странски заложници, киднапирани во средата од исламисти во комплекс за гас во Алжир, биле ослободени.
Вкупно биле ослободени 650 заложници, меѓу кои 573 Алжирци.
Засега останува непозната судбината на околу 70 странци. Некои од нив остануваат во заробеништво на киднаперите.
Алжирската армија се уште се обидува да постигне мирно решение на кризата, пред да пристапи кон неутрализирање на терористите.