Оскар Писториус по грешка ја убил својата девојка

Од:

Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус е уапсен откако ја убил својата девојка во куќата во Преторија, мислејќи дека е крадец.

Полицијата соопшти дека девојката починала на самото место. Околностите под кои дошло до оваа трагедија не се познати, но медиумите наведуваат дека спортистот најверојатно за девојката мислел дека е крадец и без размислување пукал во неа.

– Го најдовме пиштолот со калибар девет милиметри на местото на настанот. Осомничениот е уапсен, изјави портпаролот на полицијата, Катлего Могале.

Дваесет и шестгодишниот атлетичар во историјата влезе како прв параолимпиец кој учествувал на Олимпијадата. Поточно, тој во Лондон во 2012 година учествуваше во полуфиналната трка на 400 местри.

pistorius

Писториус, кој има протези од карбонски влакна кои имаат форма на острици, поради што е познат и како „Blade runner“, учествуваше на Параолимписките игри 2004 година во Атина и 2008 година во Пекинг.

Нему  двете нозе му се ампутирани поради конгенитална малформација кога бил на возраст на само 11 месеци.

Во Јужна Африка стапката на криминал е една од најголемите во светот и многу граѓани поседуваат оружје за да се заштитат од криминалците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија