Оскар Писториус ја убил својата девојка во бањата, тврди обвинителот на Јужна Африка

Од:

Јужноафриканскиот спортист-параолимпиец Оскар Писториус (26) ја убил својата девојка, додека таа била во бањата, изјави јавниот обвинител на оваа земја, на првата судска расправа во Преторија.

Според обвинувањето, Писториус пукал четири пати низ вратата на бањата, а три куршуми ја погодиле несреќната девојка која починала на самото место.

riva

Обвинителот уште тврди дека осомночениот спортист, потоа, ја провалил вратата, го зел мртвото тело на младата жена и го симнал на долниот кат од куќата во која тој и неговата девојка Рева Стенкамп заедно живееле.

Писториус во време на апсењето тврдеше дека пукал мислејќи дека во куќата има провалник, незнаејќи дека во бањата е неговата девојка.

Јужноафриканските медиуми на почетокот ја прифатија оваа верзија на настанот, верувајќи му на Писториус, но полицијата ја отфрли како неточна, а во неа не верува ниту јавното обвинителство.

Додека траеше излагањето на обвинителот, Писторису плачел во судницата. Неговиот адвокат, меѓутоа, ги отфрли обвинувањата, инсистирајќи дека станува збор за несреќен случај.

Полицијата и обвинителството немаат докази за убиство со умисла, на што инсистираат, а немаат докази и за убиство кое го извршил Писториус, рече неговиот адвокат.

Oscar Pistorius breaks down during his court appearance

Оскар Писториус е спортски херој на Јужна Африка, иако му се ампутирани двете нозе, како и меѓународна атлетска звезда.

Тој со специјални протези настапува на атлитските митинзи на средни патеки и е првиот спортист кој настапи на Параолимписките и на Олимписките Игри, минатото лето во Лондон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија