Орбан: Унгарија ќе спроведе референдум за прашањето на мигрантите

Од:

Унгарија нема да попушти во својот став кон мигрантската криза и намерата да го спроведе најавениот референдум за квотите за прифаќање на мигранти за да ја промени политиката на Брисел, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На прес-конференција Орбан изјави дека во неговата земја нема иницијативи за истапување од Европската Унија и дека со членството во ЕУ се согласува и опозициската, десничарска партија Јобик, пренесоа британските медиуми.

– Не ни е познат никаков предлог што ќе не наведе на сериозно разгледување на прашањето на унгарското членство во ЕУ, но постојат сериозни барања да не се откажуваме од нашата политика за прашањето на мигрантската криза и тука нема да попуштаме, рече Орбан и додаде дека „двете прашања не треба да се мешаат“.

Унгарскиот премиер изрази надеж дека резултатот од референдумот за квотите за мигрантите ќе влијае врз промената на миграциската политика на официјален Брисел, но призна дека го чека „сериозна борба“.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон