И Орбан ќе спроведе референдум да го праша народот дали да воведе санкции за Русија

Од:

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан реши преку референдум да го праша народот дали е за воведување на санкции кон Руската Федерација.

“Унгарија денес е посилна од кога било од падот на комунистичкиот режим”, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан и додаде дека владата ќе побара од граѓаните да го кажат своето мислење за санкциите против Русија.

Иако санкциите ѝ нанесоа штета на земјата, владата можеби ќе може да се погрижи Унгарија да излезе од кризата уште посилна, рече Орбан, пренесува агенцијата МТИ.

Тој, сепак, најави дека унгарската влада ќе биде првата што ќе побара од својот народ да го изрази своето мислење за санкциите воведени кон Руската Федерација како одговор на војната во Украина.

 

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов