Орбан го повлече предлогот за данок врз користењето Интернет во Унгарија

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека предлог-законот за оданочување на користењето на Интернет, што предизвика бурни протести во земјата, „не може да биде прифатен во неговата сегашна форма“, и вети испитување на јавното мислење во јануари.

– Данокот не може да биде воведен во неговата сегашна форма. Никаков закон не може да биде утврден во тие околности, рече Орбан во интервју за државното радио.

По првиот протест на крајот на минатата седмица, неколку десетици илјади лица протестираа на 27 октомври во Будимпешта против предлогот за данок врз користењето Интернет, кој според опозицијата, ги задушува слободите.

Протестите беа најмасовните од доаѓањето на конзервативецот Орбан на власт во 2010 година.

Противниците на проектот објавија дека вечерва ќе организираат нови демонстрации за празнување на својата победа.

Пред Орбан да прогласи повлекување на проектот неговата партија Фидес се обиде безуспешно да ги смири демонстрантите, ветувајќи данокот да биде сведен до околу две евра месечно за приватни корисници.

Новиот закон, кој требаше да се гласа во Парламентот на 17 ноември, беше остро критикуван и од ЕК. Поради спорните реформи во областа на медиумите и правосудството во првиот мандат, Виктор Орбан претрпе критики и од Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон