Орбан: Европските лидери треба да ја променат миграциската политика

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повика синоќа европските лидери да ја изменат миграциската политика и да ги вклучат избирачите во дебата за иднината на континетот, во спротивно ќе се соочат со политичка криза и закана за демократскиот поредок.

Орбан, кој денеска ќе се обрати на Конгресот на Европската народна партија во Мадрид, изјави за државниот ТВ канал М1 дека европските лидери немаат мандат да пуштаат стотици илјади имигранти да влегуваат во Европската унија со мошне мала или никаква контрола.

– Поставувањето на оградата од страна на Унгарија на нејзината јужна граница има за зел да не ги пушти имигрантите во Европа, а не да ги насочува кон друга маршрута кон Германија, нагласи тој.

Орбан додаде дека ги повикал балканскитге соседи на Унгарија да помогнат во пресекувањето на мигрантскиот прилив.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон