Орбан: Европа е под закана од милиони мигранти, ќе станеме малцинство на својот континент

Од:

Унгарските и полски власти предупредија дека Европа е под закана од милиони мигранти, доколку се игнорираат причините за бегалската криза и Европа не ги заштити своите граници.

Бранот мигранти во Европа е бесконечен и доколку ЕУ не ги заштити своите граници може да пристигнат десетици милиони нови, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Реалноста е дека на Европа се заканува голем бран бегалци, многу десетици милиони би стигнале во Европа, изјави Орбан за државното радио, додавајќи дека сега се зборува за стотина илјади, но идната година тоа ќе бидат милиони и тоа нема крај.

Според Орбан Европа одеднаш ќе сфати дека е малцинство на сопствениот континент и затоа треба да покаже сила и ги заштити своите граници.

Европа мора да се справи со причините за доаѓањето на мигрантите, а не само да се концентрира на тоа како да ги распредели меѓу земјите-членки, бидејќи наскоро ќе се соочи со милиони, предупреди полскиот министер за надворешни работи Грегор Шетина.

– Степенот на миграција е голем и не можеме да се фокусираме, а зборуваме за цела Европа, на распоредување на илегални имигранти без да се бориме против причините за нивното доаѓање, изјави Шетина за Радио Зет.

Според Шетина мора да се размислува како да се запре илегалната миграција, бидејќи во спротивно наскоро ќе има три-четири милиони економски бегалци.

Високиот преставник на ОН за бегалци Антонио Гутереш повика на распоредување на најмалку 200.000 баратели на азил во ЕУ и оцени дека сите земји членки на ЕУ треба да имаат обврска да учествуваат во програмата.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон