Орбан до Мустафа: Стабилен Балкан стратешки важен за Унгарија

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во Будимпешта во разговор со косовскиот премиер Иса Мустафа истакнал дека стабилноста на Западен Балкан е од стратешко значење за Унгарија.

Во соопштение од Кабинетот на Орбан се вели дека со Мустафа било разговарано за билатералните односи и нагласено дека Унгарија ќе одржува врски со Косово.

Орбан и Мустафа се договориле да покренат програма за финансиска поддршка за да им се помогне на унгарските компании за управуавње со води да влезат на пазарот на Косово.

Договорено е Унгарија да понуди државна школарина за студенти од Универзитетот во Косово, наведуваат унгарски медиуми.

Приштинскиот весник Зери во петокот објави дека Мустафа пред Конгресот на европската фудбалска унија во Будумпешта ќе лобира кај Орбан за прием на косовскиот сојуз за членство во УЕФА.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон