Орбан: Да се запре приливот на мигранти што е можно појужно

Од:

Интересот на Унгарија е да се запре притисокот на мигрантите на Европа што е можно појужно и поради тоа е подготвена да им помогне на Србија, Бугарија и Македонија во таа смисла, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој во изјава за радио Кошут рече дека ставот на Унгарија за мигрантската криза е дека треба да се дејствува и да не се предава, дополнувајќи дека илегалните мигранти можат да се задржат со физички бариери.

Орбан оцени дека мислењето оти не постои начин мигрантите да се запрат – претставува нихилизам, пренесува Танјуг.

– Ако САД се способни со употреба на физички бариери да ги спречат илегалните мигранти да ја минат нивната јужна граница, не гледам зошто Европејците не би можеле да го применат истото, заклучи унгарскиот премиер. 

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон