Главната опозициска партија во Зеленортската Република победи на вчерашните парламентарни избори и ќе ја состави следната влада на оваа африканска островска држава во северниот дел на Атлантскиот Океан.
Движењето за демократија, предводено од поранешниот градоначалник на главниот град Праја, Улисес Кореја е Силва, освои над 53 отсто од гласовите, според резултатите по пребројувањето на 90 проценти од гласачките ливчиња.
Претседателката на досегашната владејачка Африканска партија за независност на Зелениот ’Рт, Жанира Алмада го призна поразот.