Опасно зголемена концентрацијата на смог во делови на Југоисточна Азија

Од:

Поради најмалку шест нови големи пожари што избувнале вчера и ноќеска на островот Калимантам, во Индонезија, се зголемила густината на облаците од чад и концентрацијата на нездрави честички во повеќе делови на Југоситочна Азија.

Во областа на централен Калимантан видливоста од вчерашните 200 денеска е намалена на само 80 метри, а речиси никој не се осмелува да излезе на отворен простор.

На скалата со која се мери загаденоста на воздухот опасна по човековото здравје, во Индонезија се над 1.500 единици, а во Сингапур, Малезија и делови од Тајланд околу 1.00 единици. Алармот се подига кога во воздухот се мерат над 350 единици на оваа скала. До сега над 60.000 лица побарале медицинска помош, а во над 1.000 случаи е регистрирана акутна пневмонија.

Од август наваму со сателитски снимки се регистрирани над 16.000 пожари на островите Суматра и Калимантан. Од нив над 1.000 биле со големи димензии, а индонежанските пожарникари, на кои три недели им помагаат и десетици илијади војници не успеваат да ги изгаснат. Од за јавноста непознати причини Индонезија не ја прифати понудата од Малезија и Сингапур за поддршка во операциите за гаснење.

Според медиумите во Џакарта во Индонезија деновиве ќе пристигнат големи руски авиони специјализирани за гаснење на пожари. Индонезија преговараше за набавка на вакви авиони и со Канада, но двете страни не се договориле за финансиските услови за набавка на „ Канадерите’’.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Град што не постои ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година

Азија зафатена од нов бран на Ковид-19

Горан Наумовски

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска