Саудиска Арабија, која годинава е претседател на групата Г20, денеска соопшти дека ноемврискиот самит на групата ќе се одржи онлајн поради пандемијата на коронавирусот.
Првично беше планирано самитот на светските лидери да се одржи во Ријад, но сепак, тој ќе се одржи преку видео врска.
Самитот ќе се одржи на 21 и 22 ноември и ќе го води саудискиот крал Салман, а централната тема ќе биде на заштитата на животот и обновата на економиите по пандемијата.
Земјите од групата Г20, во која членуваат лидерите на најбогатите и најмоќните земји во светот, вложија повеќе од 21 милијарда долари во развој на вакцини против коронавирусот и 11 милијарди долари во заштита на глобалната економија.