ОН: Убиствата на новинари треба брзо да се расветлат

Од:

Владите треба брзо да ги водат истрагите за убиствата на новинари ширум светот, соопшти денеска ООН.

– Загрижувачки и неприфатливо е повеќе од 90 проценти од убиствата на новинари да останат неказнети, изјави заменик генералниот секретар на ОН Јан Елиасон за време на дебатата во Советот за безбедност на тема „Заштитата на цивили во конфликти со фокус врз новинарите“.

Според него, повеќе од 600 новинари биле убиени за време на извршувањето на своите работни обврски во текот на последните 10 години, јави ДПА.

Елиасон нагласи дека заштитата на медиумските работници е неопходен услов за слободата на изразување и за демократијата.

Би можело да ве интересира

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа