ОН: Сите страни во сириската војна се виновни за злосторства против човештвото

Од:

Во затворите и во логорите за заробеници во Сирија се применува тортура и за тоа се одговорни и опозициските и терористичките групи, вклучително и Исламска држава и владините сили, се наведува во извештајот на Комисијата на ОН за истрaга и прекршување на човековите права во Сирија, пренесува БТА.

Во извештајот објавен денеска во Женева опфатен е периодот од март до ноември 2015 година. Тој специјално е посветен на положбата на затворениците и заробениците. Сириските власти се обвинуваат за убиства на илјадници уапсени лица, што се оценува како злосторства против човештвото.

ИД исто така извршувала такви злосторства, убивајки и мачејќи затвореници.

Во извештајот се наведува дека сириските бунтовници и екстремистичката органзиација Фронт ал Нусра, сириски огранок на Ал Каеда, убивале затвореници, но во помал степен.

– Смртните случаи во затворите обвиени се со тајност и во голем степен остануваат непознати за меѓународната заедница, се истакнува во извештајот на ОН.

Исто така се додава дека во секој момент сириската Влада на Башар ал Асад во затвор држи десетици илјади луѓе. Истрагата покажала дека затворениците гинат не само при егзекуции, туку и од мачење, глад или не пружање на медицинска помош.

– Официјалните лица на нависоки позиции во Владата знаат за таквите злосторства или обвиненија за злосторства извршени од нивните потчинети, но ги игнорираат таквите информации. Поради тоа Советот за безбедност треба да одобри санкции против виновниците и да покрене обвиненија во Меѓународниот кривичен суд во Хаг против нив, се посочува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска