ОН: Сириската Влада изврши воени злосторства, таа намерно ги гранатираше болниците и училиштата

Од:

Сириските владини сили систематски нападнаа десетици болници, училишта и пазари во областа што е под контрола на бунтовниците, во околина на северо-западниот град Идлиб, се вели во извештајот на ООН.

Нивниот таргет врз цивилите бил да се бомбардираат од воздух и земја, стои во извештајот објавен во име на Советот за човекови права на ООН. Владините сили користеле и кластерска муниција така што ООН смета дека ваквите напади би можеле да се квалификуваат согласно меѓународното право како тешки повреди – воени злосторства предизвикани од страна на сириските сили.

Авторите на извештајот, исто така, ја обвинуваат милитантната исламистичка милиција Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) за недискриминирачко гранатирање на владините области, во период кога загинаа повеќе од 200 цивили. Терористите исто така ги ограбувале областите и киднапирале, мачеле и убиле цивилите, дела што исто така би биле воени злосторства. Извештајот опфаќа период од ноември 2019 година до почетокот на јуни 2020 година.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов