ОН против антиемигрантската политика на Унгарија

Од:

Унгарските акции со цел да се запрат бегалците, вклучувајќи брзи судења за да се казнат тие кои ја пробиваат граничната ограда, можеби ги кржат меѓународните конвенции за бегалци и човекови права, се наведува во денешното соопштение од Обединети нации.

Во извештајот на ОН се посочува и дека премиерот на Унгарија Виктор Орбан зазел цврст став против странците откако минатата годиа почна бегалскиот бран во Европа, поставувајќи ограда на границата и го одби системот на квоти, со што би се поделил товарот од бегалците меѓу земјите-членки на Европска унија.

Во новиот Извештај на Високиот комесирајат за бегалци на ОН се посочува дека неодамна донесените закони во Унгарија го ограничиле или спречиле пристапот за луѓето кои бараат прибежиште од војните и прогоните.

УНХЦР оценува дека зачителни аспекти на унгарските закони и праксата предизвикуваат голема загриженост во поглед на усогласеноста со меѓународните и европските закони и истите би можеле да бидат во спротивност со меѓународните и европските обврски.

Под обврски УНЦХР подразбира заштита на луѓето кои поради закана од војна и прогон ги напуштиле своите домови и на кои во забрзана постапка треба да им се решаваат барањата за азил.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон