ОН: Претстојат поплави, бури и суши

Од:

Организацијата на Обединетите нации предупредува дека Земјата за 40 години би можела да се соочи со ненадејни поплави, бури и високи температури и во рамки на кампањата пред претстојниот самит за климатските промени снимиле „измислени, но реалистични“ временски прогнози од 2050 година.

Светската метеоролошка организација на ОН повикала познати презентери на временски прогнози ширум светот, со цел предупредувањето да биде поверодостојно.

– Мајами е под вода, истакнал еден американски презентер во првото издание на „временската прогноза од иднината“.

Презентер од Замбија ги предупредува сограѓаните на високи температури, додека негов колега од САД вели: „Досега незабележана суша во Аризона однесе уште еден живот“.

Бугарски метеоролог соопштува дека температурата достигнала 50 степени Целзиусови, со што е надминат рекордот од 45 степени од 1916 година.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ги повика светските лидери да се обврзат дека ќе се борат против климатските промени и глобалното затоплување.

Самитот за климата, кој ќе се одржи на 23 септември во Њујорк, е замислен како чекор напред кон постигнување договор меѓу речиси 200 земји до крајот на 2015 година да се забави глобалното затоплување.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство