ОН: Лани најголем број убиени цивили Палестинци од 1967 година

Од:

Бројот на Палестинци цивили убиени во судири со Израел во 2014 година е најголем по шестдневната војна во јуни 1967 година, соопшти ОН во извештај.

Според ОН, најмногу загинале во операцијата на израелската армија во 2014 година во Појасот Газа, се вели во извештај на Службата за координирање на хуманитарни дејности на ОН.

Во таа операција загинале над 1.500 цивили, ранети се 11.000 луѓе, а 100 илјади се принудени да ги напуштат домовите, луѓе кои во крајот на минатата година се уште биле без кров над глава.

Во Појасот Газа убиени се вкупно 2.220 Палестинци заедно со оние кои војувале. Меѓу жртвите има и 550 деца, се додава во документот. Од израелска страна убиени се 73 луѓе, од кои 67 војници.

Во Западниот брег и во Ерусалим убиени се лани вкупно 58 луѓе и ранети се 6.028 Палестинци. Израелските жрвти се 12.

Бројот на Палестинци испратени во затвори е зголемен за 24 отсто – по 5.258 во просек во еден месец.

Вкупно 1,215 Палестинци на Западниот брег и во Источен Ерусалим останале без дом откако им бил урнат од израелските власти – најголем број откако во 2008 година Службата на ОН почна да води статистика.

Вкупно околу четири милиони Палестинци се наоѓаат во режим на израелска воена окупација, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски