ОН го повикаа Виетнам да ги прекине егзекуциите на осудени на смрт

Од:

Службата на Високиот комесар на ОН за правата на човекот соопшти дека е потресена од обновувањето на извршувањето на смртните казни во Виетнам и ја повика новата влада да ги прекине екзекуциите, пренесоа француските медиуми.

Виетнам во вторникот ја изврши првата егзекуција со смртоносна инјекција по двегодишен прекин, наметнат од неможноста да се снабдува со соодветните хемикалии.

Во јули 2011 година комунистичката земја се откажа од егзекуцијата со стрелање во корист на леталната инјекција, која се смета за похуман метод, но не можеше да ги внесе неопходните производи заради забраната од Европската унија за нивни извоз.

Во мај законот беше сменет, дозволувајќи осудените на смрт да бидат умртвени со локални хемиски производи, што доведе до обновување на егзекуциите.

Минатиот месец Високиот комесар на ОН за правата на човекот Нави Пилај со писмо го повика виетнамскиот премиер Нгуен Тан Зунг да ја укине смртната казна, но не доби одговор, соопшти неговата портпаролка Сесил Пуји.

– Постојано ја повикуваме владата да не извршува нови егзекуции и да се приклучи кон растечкиот број земји кои воведоа мораториум за смртната казна, од кои 19 се во Азија, забележа портпаролката.

Во Виетнам во моментов има повеќе од 586 затвореници осудени на смртна казна. За 116 од нив се исцрпени сите законски процедури, подвлече Пуји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата