ОН бараат стотици милиони долари за спречување на гладта во Јемен и Сомалија

Од:

Директорот за хуманитарни операции на ОН, Џон Гинг, повика на итно собирање стотици милиони долари за олеснување на хуманитарните кризи во зародиш во Јемен, каде 10,5 милиони лица имаат потреба од храна, и во Сомалија, каде се очекува повторување на гладта од 2011 година, соопштија американските медиуми.

Гинг, кој минатата недела ги посети двете земји, на прес конференција во седиштето на ОН во Њујорк изјави дека се ограничени можностите на ОН за помош. Засега организацијата добила само 195 милиони долари помош за Јемен, каде до крајот на годината се неопходни 529 милиони долари. За Сомалија, пак, добиени се само 232 милиони долари, а потребни се 933 милиони долари.

Според него, и двете земји имаат јасни планови, добри национални лидери и реални можности за справување со ситуацијата, доколку им се помогне, но прашањето запнува кај парите.

-Доколку меѓународната заедница не им притрча со помош, тие ќе се најдат пред амбис, подвлече тој.

Хуманитарната ситуација во Јемен се усложнува заради политичката нестабилност, несигурноста и економската криза, што земјата ја исправи пред работ на економска катастрофа. На прес конференцијата беше посочено дека секое петто јеменско дете е со тежина под нормалата, а 58 отсто се со забавен развој заради недохранетост. На тој наин, Јемен се најде на второ место во светот по Авганистан по хронично недохранети деца.

Во Сомалија, пак, антитерористичките закони што ги воведе меѓународната заедница, ги ограничуваат можностите на сомалиската дијаспора во странство за префрлање пари во татковината, каде семејствата имаат очајна потреба од нив.

-Сомалија е на крстопат. По 25 години хаос и внатрешни кризи во земјата најпосле се појавува шанса нештата да се поправат, рече Гинг. Но, таму има еден милион внатрешно раселени лица поради борбите на централната влада со исламските екстремисти, уште 1,1 милион луѓе избегале во соседните земји, 875 илјади имаат сериозна потреба од храна и два милиони живеат „на работ на глад“.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“