ОН: 2014 најтопла година досега

Од:

Минатата година била најтопла година досега, што е во согласност со климатските промени, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (ВМО).

Просечната температура во 2014 година била 0,57 степени повисока од просечните 14 степени во периодот од 1961 до 1990 година, се наведува во соопштението на ВМО.

Според генералниот секретар на ВМО, Мишел Жаро, 14 од 15 најтопли години, се забележани во овој век.

– Во текот на 2014 година забележани се рекордни жештини во комбинација со обилни врнежи и поплави во голем број земји и суша во одделни земји, во согласност со очекуваните климатски промени, истакна Жаро.

Членките на ОН ќе се сретнат идната недела во Женева за да разговараат за договорот за глобалната клима што мора да биде потпишан во Париз во декември заради сузбивање на емисиите штетни гасови кои го предизвикуваат ефектот стаклена градина.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство