Омикрон варијантата предизвикува блага клиничка слика, вели претседателката на медицинското здружение во Јужна Африка

Од:

Новата Омикрон варијанта на коронавирусот предизвикува блага клиничка слика и нема изразени симптоми, изјави за Спутник, Анжелик Коеци, претседателка на медицинското здружение во Јужна Африка.

СЗО во петокот објави дека новиот вид, кој е откриен во Јужна Африка, има 32 мутации, што го прави многу заразен и опасен. Наречен е „омикрон“ по 15-тата буква од грчката азбука.

– Предизвикува блага клиничка слика со симптоми како болки во мускулите и замор кои траат ден-два, по што луѓето се чувствуваат добро. Досега откривме дека заразените не го губат чувството за вкус и мирис. Некои имаат блага кашлица. Неколку од заразените се и на домашно лекување, рече Коеци.

Таа додаде дека болниците не биле пребукирани, како и дека кај вакцинираните пациенти нема заразени со новиот сој, а каква ќе биде состојбата со невакцинираните, според неа, ќе се знае за недела-две.

– Вирусот се пренесува, но засега ниту ние ниту лекарите не знаеме зошто сите се толку исплашени, бидејќи сè уште е во фаза на истражување. За неколку недели ќе знаеме каква е вистинската состојба, повеќето од заразените се луѓе на возраст од 40 години и помлади – рече таа, пренесува Times of India.

Коеци остро ги критикува одлуките на некои земји за забрана на летови од Јужна Африка, особено затоа што одлуката е прерана и нема информации колку е опасна.

По објавувањето на веста за новиот вид на коронавирусот, САД, ЕУ, Канада, Израел, Австралија и други земји го ограничија патувањето од неколку јужноафрикански земји, а како причина ја наведоа заштитата на јавното здравје.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски