Омикрон има пет симптоми по кои се разликува од делта, еден од нив се јавува само навечер

Од:

Симптомите на омикронската варијанта на коронавирусот се чини дека се разликуваат од претходните видови, според лекарите и епидемиолозите.

Иако некои луѓе пријавуваат благи реакции на вирусот, многумина забележале дека тие не се исти како кај соевите Алфа, Бета и Делта.

Во Обединетото Кралство во последните 24 часа се пријавени 54.661 нови случаи на Ковид, а 38 лица починале откако биле заразени со вирусот. Зголемената загриженост за варијантата омикрон доведе до шпекулации за нови ограничувања за да се спречи доминацијата на новата линија, пренесува „Мирор“.

Се наведува дека секој сој ги има овие три традиционални симптоми како што се: висока температура, континуирана кашлица, губење или промена на сетилото за мирис или вкус.

Но, раните извештаи покажуваат дека омикрон има пет различни симптоми, како што се:

– Гребење на грлото (за разлика од болките во грлото)
– Сува кашлица
– Екстремен замор
– Блага мускулна болка
– Ноќно потење

Ноќното потење беше издвоено како различен симптом

Докторката Анџелик Кучи, претседател на Јужноафриканската медицинска асоцијација и една од првите кои се посомневаа во видот на омикрон, рече дека забележала пациенти во нејзината приватна клиника кои покажуваат симптоми различни од варијантата на делта.

Кучи вели дека ги предупредила здравствените власти за „клиничката слика што не одговара на делтата“ на 18 ноември, кога седум пациенти покажале различни симптоми кои изгледале „многу поврзани со нормална вирусна инфекција“.

Таа рече дека нејзините пациенти имале симптоми на екстремен замор, блага мускулна болка, гребење на грлото и сува кашлица.

За разлика од претходните варијанти, додаде таа, оваа не предизвикува губење на вкусот и мирисот.

Ноќно потење – тоа е кога се потите толку многу што ноќната облека и постелнината ви се влажни – забележале лекарите во Јужна Африка, каде за прв пат е откриена оваа варијанта.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски