Оланд: За излез од кризата во Украина потребна е целосна примена на Договорот од Минск

Од:

Франција инсистира на целосна примена на Договорот од Минск за излез од кризата во Украина, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд на денешната заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Оланд посочи дека целосно се почитува примирјето во Источна Украина, но оти не е целосно повлечено тешкото вооружување.

Францускиот претседател наведе и дека Париз нема да достави оружје за Киев бидејќи не добил барање од Украина. Тој додаде дека темата за испраќање на меѓународна мировна мисија во Украина со мандат на Обединетите нации не е на дневен ред.

– Ако Советот за безбедност на ОН донесе одлука, тогаш Франција ќе дејствува во согласност со неа, посочи Оланд.

Порошенко истакна дека е неопходна координација на заедничките акции за исполнување на Договорот од Минск, а исто така и изнаоѓање на политички средства за излез од кризата во Донбас.

– ОБСЕ треба деноноќно да набљудува во Источна Украина, а изборите во отцепените области да се одржат под контрола на ОБСЕ, посочи Порошенко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев