Октомвриското изненадување од ФБИ ја направи уште помачна тешката недела за Хилари Клинтон

Од:

Вашингтон пост – Вашингтон

Меѓу растот на премиите од „Обамакер“ и откритијата за пробивање на информации од страна на помошник во Фондацијата „Клинтон“, минатата недела не излезе баш добра во претседателската кампања на Хилари Клинтон.

Но веста – која пукна во петокот попладне – дека ФБИ ќе отвори нова истрага за приватниот сервер за електронска пошта што Клинтон го користела како државен секретар, ја претвори оваа одвратна недела за неа во вистонска проблематична територија. 

Еве што знаеме (а да признаеме, и не знаеме баш многу): ФБИ дошле до електронски писма поврзани со серверот на Клинтон како дел од „неповрзана истрага“, стои во писмото кое ги испрати директорот на ФБИ, Џејмс Коми  до лидерите на Конгресот во петокот. – Се согласувам ФБИ да преземе адектавна истражни чекори со цел да им се овозможи на истражителите да ги проверат овие пораки и да оценат дали тие содржат класифицирани информации, како и да ја проценат важноста на истите за нашата истрага, напиша Коми.

Еве што не знаеме. Дали само се потврдува дека дошле до грст имејлови кои неодамна биле откриени? Или е ова повторно отварање на целиот циркус?

Одговорот на овие две прашања, се разбира, е критичен. Засега, информациите се најстрого ограничени. Дури не знаеме што е „неповрзана истрага“ која ги изнесе овие имејлови – иако Пит Вилијамс од Ен-Би-Си објави дека не се поврзани со Викиликс или истрагата во врска со Русија.

Исто така не е јасно кога ќе добиеме одговори за длабочината, ширината и сериозноста на одлуката на ФБИ да отвори истрага во врска со овие новооткриени пораки. Можно е да не дознаеме ништо повеќе од писмото на Коми меѓу сега и 8 ноември (денот на претседателските избори). Или можеби ќе дознаеме.

Едноставно не знаеме. (Републиканците инсистираат дека е ова многу сериозно заради фактот што ФБИ одлучила да го стори ова толку блиску до изборите. Можно е да е така. Но не и преблиску за да докаже што било).

Но за ова можеме да бидеме сигурни: додека големо количестви имејлови поврзани со Клинтон веќе влијаат на бројките на анкетите и не баш посакуваниот рејтинг, опркужувањето околу новите вести од ФБИ нема да и помогнат на демократската кандидатка додека се обидува да го фати најсилниот залет на денот на изборите.

Неколку очигледни проблеми кои ќе се отворат за Клинтон:

1. Неодлучните гласачи – посебно колебливите републиканци кои и станаа многу блиски – ќе се потсетат што не им се допаѓа кај Клинтон, а најочигледно чувството кое се појавува кога ќе стане збор за неа и нејзиното семејство.

Барем во последнава година, голем број Американци рекоа дека зборовите „чесност“ и „доверба“ не се својствени за Клинтон. Во септември, повеќе од шест од 10 луѓе на националната анкета на „Вашингтон пост“ и „Еј-Би-Си њуз“ рекоа дека не одобруваат како Клинтон одговара на прашањата во врска со нејзините имејлови; тука се вклучуваат и 48 проценти кои „силно“ не го одобруваат нејзиното одговарање на прашањата за содржината на имејловите.

Најголемиот дел – 56 проценти – од испитаниците во анкетата на „Вашингтон пост“ и Еј-Би-Си одговорија дека не се согласуваат со одлуката на Коми да не ја гони Клинтон заради контроверзата во врска со имејловите.

2. Демократската изборна база ќе биде помалку енергична: Тоа стана очигледно откако Клинтон ја доби номинацијата дека барем кај дел од гласачите демократи кои имаат големи резерви во врска со неа. Ним таа им се допаѓа, но не ја сакаат. (Да расчистиме, тоа не е сета гласачка база на демократите; огромен број демократи страствено ја поддржуваат Клинтон).

Тие знаат дека другата опција е Доналд Трамп, и тоа повеќе ги вознемирува отколку можноста да излезат да гласаат за Клинтон. Но откритијата како ова го одвраќа ентузијазмот кај дел од нејзината изборна база. Тоа ги потсетува за причините зошто или сакаа Берни Сандерс да биде номиниран или не и беа толку силно предадени на Клинтон.

3. Републиканската изборна база ќе биде поенергична. Трамп не создаде убаво чувство денес да се биде републиканец. Од нападите врз Пол Рајан до нападите врз републиканската елита дека е недоволно лојална кон него, па се до повеќе од десетина жени кои излегоа во јавноста со обвинувањара дека Трамп сексуално ги нападнал, тоа беше трновит пат за гласачите на Старата голема партија (синоним за Републиканската партија).

Најсилната карта на Трамп кај овие доверливи републикански бирачи е тоа што тој е во трка против Клинтон, која тие ја мразат. Нивната одвратност од Клинтон тие ја покриваат со старите финти на Трамп. Но не повеќе. Се што избирачката база на Републиканската партија не го сака (или не им верува) на Клинтонови е изложено во оваа истрага на ФБИ. Ако им е потребна причина да излезат и да гласаат против неа, тогаш сега имаат една таква.

(И слично: Дури и благ пад на ентузијазам кај избирачката база на демократите заедно со благиот пораст на ентузијазам кај избирачката база на републиканците, полесно пробива пат за победа кај намалената мотивација ај републиканците. – Освен ако ФБИ не го затвори овој случај на еден или друг начин последната недела, ефектот најверојатно ќе биде одемање на дел од гласачите на Клинтон, каде најголемиот ефект ќе биде намалена излезност на гласачките места повеќе отколку врз исходото на претседателските избори“, одбележува Патрик Мареј, шеф на анкетарскиот институт при Универзитетот Монмаут).

Колку лошо може Клинтон да биде погодена од сето ова? Тоа зависи од она што го знаеме и што допрва ќе го дознаеме. Но, ова не е ништо освен лоши вести за Клинтон на само 11 дена пред американците да излезат на гласање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

Трамп ги предупреди Американците: Внимавајте, ФБИ ви испраќа тајни шпиони

ФБИ го истражува градоначалникот на Њујорк, запленети се неговите телефони

ФБИ: Нападот на Хамас може да послужи како инспирација за терористички закани во САД

ФБИ уби маж кој му се закануваше на Бајден

Горан Наумовски

ФБИ: Повеќе од 200 жртви на сексуална злоупотреба се спасени во двонеделна операција