Околу 400.000 деца носители на ХИВ вирусот во Африка

Од:

Околу 400.000 деца помлади од 15 години се носители на ХИВ вирусот во западна и централна Африка, но не примаат антиретровирусна терапија поради недостиг од тестирања, соопшти УНИЦЕФ предупредувајќи дека десетици илјади од нив може да ги загубат животите во следните години.

Без тестирање и терапија, половина од родените со вирусот ХИВ ќе ги загубат животите пред да наполнат две години, а три четвртини од нив пред петтиот роденден, соопшти УНИЦЕФ.

Организацијата УНАИДС наведува дека во 2015 година првпат Западна и Централна Африка имале најмногу нови зарази меѓу децата – 66.000 или 45 отсто од вкупно 150.000 регистрирани во светот.

Само половина од жените во тоа подрачје преминале низ програма за превенција за пренесување на вирусот од мајка на дете. Околу 36,7 милиони луѓе во светот се носители на вирусот ХИВ, а половина од нив имаат пристап до третмани за лекување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска