Околу 250.000 луѓе го посетија ковчегот на кралицата Елизабета

Од:

Околу 250.000 ожалостени го посетија ковчегот на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската хала во Лондон, изјави британската министерка за култура Мишел Донелан.

Луѓето чекаа во ред со часови

„Околу 250.000. Сега ги проценуваме тие конечни бројки“, рече Донелан.

Целосните бројки ќе бидат објавени во догледно време. Граѓаните и оддадоа последна почит на кралицата во Вестминстерската сала откако со часови чекаа во долга редица што се протегаше низ центарот на Лондон повеќе од четири дена.

Луѓе од сите возрасти и сфери присуствуваа на погребот на најдолговечниот монарх, Кралицата Елизабета II, која почина во Шкотска на 8 септември на 96-годишна возраст по седумдесетгодишно владеење.

Последен пат Британците на овој начин почестија некого во 1965 година, кога почина воениот премиер Винстон Черчил. Околу 321 илјада луѓе го посетиле неговиот ковчег во Вестминстерската сала, се наведува во белешката од Долниот дом на британскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он

Одвај го издржаа денот: Кралот Чарлс на работ на солзи, заплака и Меган, Хари изостана од погребниот говор

А1он

Уште еден инцидент на погребот на кралицата: Поминуваше ковчегот, а маж се обиде да скокне преку безбедносната бариера

А1он