Околу 13.000 Романци и Бугари се очекува да влезат во Велика Британија по отворање на пазарот на труд

Од:

Околу 13.000 Романци и Бугари се очекува да влезат во Велика Британија по укинувањето на ограничувањата врз нив од почетокот на 2014 годиан, покажува владин извештај, пренесува „Дејли телеграф“.

Извештајот на Министерството на заедници и локалната власт предвидува бројот на имигрантите идната година да изнесува 8.156 Романци и 4.613 Бугари. Тоа е значително помалку од прогнозираните 50.000 имигранти од Бугарија и Романија прогнозирани од групата „Мигрејшн воч“.

Новите податоци беа објавени од министерот за заедници и локална власт Ерик Пиклс, кој изјави дека и покрај тоа не е сигурен во веродостојноста на бројките.

Според него, никој не ја знае вистината, но задача на владата е да не дозволи фактори како здравствени услуги, обезбедување живеалиште и други бенефиции да не привлечат дополнително имигранти од двете источно европски земји, пишува весникот.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија