Офанзивни акции на сириските режимски сили во предградија на Дамаск

Од:

Силите на режимот во Сирија на претседателот Башар ал Асад водат денеска голема офанзива во предградија на Дамаск по напади во главниот град во текот на ноќта во кои беа убиени 11 луѓе.

Сирискиот центар за човекови права соопшти дека воени авиони бомбардираат реони во околината на градот меѓу кои и бунтовничкиот бастион Дума.

Престрелки се водат и близу меѓународниот аеродром на Дамаск.

Најмалку 11 луѓе загинаа во текот на ноќта во напад со автомобил-бомба на бензиска станица во кварт во северниот дел од градот. Според Сирискиот центар за човекови права во Сирија вчера загинале 191 човек, од кои 90 во Дамаск. Меѓу загинатите се и петмина странци.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град