Во Хаг денеска се одбележува 20-годишнината од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија кој е основан на 25 мај 1993 година, со резолуцијата 827 на Советот за безбедност на ОН.
На свеченоста ќе присуствува холандскиот крал Вилем-Александер и високи претставници на Трибуналот. Ќе говори претседателот на судот Теодор Мерон, главниот обвинител Серж Брамерц и секретарот Џон Хокинг.
На првиот дел од свеченоста во главното фоаје на Трибуналот ќе присутвуваат и високи претставници на ОН и на холандските власти.
Во вториот дел од свеченоста во Атриумот на Градската куќа во Хаг, ќе биде отворена изложба за историјата на трибуналот и неговите најголеми достигнувања, за две децении постоење.