Од Фондот за справување со еболата во Африка исчезнале шест милиони долари

Од:

Речиси шест милиони долари наменети за борба против епидемијата на ебола во Западна Африка исчезнале преку измами, тврдат службеници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Според истите извори, при внатрешна истрага е откриен „веројатен таен договор“ меѓу банкарски службеници и поранешни соработници на Комитетот за измама, при што им се губи трагата на околку два милиони долари наменети за Сиера Леоне.

Во врска со овој случај Комитетот веќе започнал соработка со антикорупциската комисија на Сиера Леоне за „истражување и правна постапка против вмешаните лица“.

Во друга истрага е окриено дека при измами во кои се вклучени и вработени во гвинејската царина, биле „украдени“ најмалку еден милиони долари наменети за справување со еболата во Гвинеја.

Во уште неколку други истраги е утврдено исчезнување на уште околу три милиони долари од фондот за борба против еболата.

Во периодот од 2014 до 2016 година од ебола во неколку земји од Западна Африка починаа над 11.000 лица.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска