Од еболата досега починале 4.951 лице

Од:

Билансот на жртвите на епидемијата на ебола досега достигна 4.951 лице од вкупно 13.567 заразени во осум земји ширум светот, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Во најновите податоци на СЗО забележан е пораст на смртните случаи за 31 во однос на податоците од пред два дена, додека бројот на вкупните случаи на заболени е намален за 136.

Најголем број заболени има во три западноафрикански земји, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, но забележани се и спорадични случаи во Нигерија и Сенегал, која сега е прогласена за земја без ебола, како и во Шпанија, САД и Мали.

– Либерија е најтешко погодена земја, но може да се забележи пад на ширењето на вирусот, иако целосното спречување на епидемијата не е ниту на повидок, додава СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО