Од Австрија протерани околу 7.000 бегалци

Од:

Австрија од почетокот на годинава протерала околу 7.000 бегалци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи во Виена.

Од вкупно 6.809 протерувања, 2.803 биле присилни. Според податоците на Министерството, 20 протерувања се спроведени со чартер летови, а пет со автобуси, помогнато од европската полиција Фронтекс.

Неодамна се вратени шест Пакистанци во нивната земја, а осуммина во Бугарија.

– Секој мора да знае дека доколку нема право кај нас да добие азил, ќе мора да ја напушти Австрија, а ако не сака доброволно тогаш ќе биде протеран, изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.

Австрија очекува дека до крајот на годинава ќе бидат поднесени околу 95.000 барања за добивање азил.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче