Од американските беспилотни летала загинале 4.700 луѓе

Од:

Во нападите на беспилотните летала на ЦИА во Пакистан и на други места биле убиени 4.700 лица, јавија американските медиуми.

Нападите наводно на цели поврзани со Ал Каеда, се строго чувана тајна, а американската влада не говори јавно за таа програма.

Републиканскиот сенатор Линдзи Грахам во вторникот го изнесе податокот за бројот на жртвите од беспилотните летала, а тоа го пренесе локалниот портал Изли Пач во Јужна Каролина.

„Понекогаш напаѓаме недолжни лица, тоа го мразам, но во војната убиваме и неколку високи претставници на Ал Каеда“, изјавил сенаторот.

Франс прес пренесе дека соработниците на сенаторот за сега не одговориле кој е изворот на податоците кои тој ги соопштил.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран