Обвинителството во Јужна Кореја има докази за корупцискиот скандал на претседателката на државата

Од:

Јужнокорејското Обвинителство располага со аудио-снимки со кои се потврдува вината на претседателката Парк Гуен-хе која е вмешана во голем корупциски скандал. Тоа го објави весникот Кориа тајмс.

Извор близок до истрагата вели дека е доволно само да се објават 10 секунди од аудио-снимките и луѓето ќе излезат на улица „не со свеќи туку со факели“.

Во Сеул вчера 1,5 милиони луѓе протестираа со барање за оставка на претседателката и носеа запалени свеќи.

Во телефон на еден од советниците на претседателката биле пронајдени 50 аудио-фајлови поврзани со криминални дела на нејзината најблиска пријателка. Парк веќе се изјасни дека е виновна за злоупотреба на функцијата, изнудување и други криминални дела.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски