Жестоки судири денеска одново избувнаа меѓу ривалските милиции во реонот на аеродромот на либиската престолнина Триполи, по два дена релативно затишје, изјави безбедносен претставник.
Напаѓачите презеле нова офанзива врз аеродромот, користејќи лесно и тешко оружје, изјави командант на силите кои го обезбедуваат аеродромот, според кого има ранети меѓу неговите луѓе.
Филипинските власти соопштија дека ќе најмат фериботи од Малта, за да ги евакуираат своите 13.000 граѓани од Либија, откако таму беше киднапирана и силувана филипинска медицинска сестра.