Објавени снимки од остатоците на паднатиот авион на „Ер Алжир“

Од:

Француската телевизја Франс 2 денеска ги објави првите снимки од остатоците на авионот на „Ер Алжир“ што се урна вчера во Мали, јави дописникот на МИА од Париз.

Снимките биле направени од војник на Армијата на Буркина Фасо, кој меѓу првите се нашол на местото на несреќата. На снимките се гледаат остатоци од авионот распрснати на околу 500 метри, што само ја докажува јачината на падот.

На сувата земја прошарена со малку растенија се гледаат илјадници распрснати делови и парчиња, што најчесто е невозможно да се идентификуваат.

Ниту едно лице не ја преживеа во несреќата. Според информациите кои доаѓаат од Мали, досега е пронајдена едната од двете „црни“ кутии на авионот, што сигурно ќе помогне да се дознаат причините за падот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он