Обама: Русија може да очекува уште санкции ако преземе чекори за дестабилизирање на Украина

Од:

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека Русија може да очекува дополнителни санкции ако ја зајакне поддршката на сепаратистите во Источна Украина.

– Она што секогаш сум сакал да го кажам е дека секој пат, кога Русија презема такви чекори, насочени кон дестабилизирање на Украина и нарушување на нејзиниот суверенитет, ќе има последици, изјави Обама во интервју за телевизијата Си-Би-Ес.

Обама говореше за кризата во Украина, за која категорично ја обвини Москва, во пресрет на средбата во Женева, на која Русија, Украина, САД и ЕУ ќе се обидат да излезат од ќорсокакот.

Американски претставници изјавија дека САД се подготвени да наложат нова серија мерки против Русија, ако преговорите за намалување на напнатоста не успеат.

– Одлуките на Путин не се само лоши за Украина, а на долгорочен план тие ќе бидат лоши и за Русија, истакна Обама.

Според Обама, Русија не е заинтересирана за каква и да е воена конфронтација со САД, кои, според него, имаат „вооружени сили на повисоко ниво“.

– Ние немаме потреба од војна, додаде Обама. 

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува