Обама и Путин се договорија, сакаат мир во Сирија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Русија, Владимир Путин повикаа за “итно” воспоставување на мир во Сирија.

Повикот од двајцата најголеми ривали дојде откако во медиумите се пласираше информацијата дека Русија, наводно, е подготвена да испрати два воени бродови со маринци во својата поморска база во Сирија, каде што ОН веќе ја суспендираше својата мисија поради ескалацијата на насилство.

„Повикуваме на итен прекин на насилството и крвопролевањата во Сирија“ изјавија двајцата водачи по средбата на групата од Г- 20 самитот во Лос Кабос, Мексико.

“Нашите ставови се обединети во поглед на иднината на Сирија која Сиријците треба да имаат можност да ја изберат самостојно и демократски“- рекоа лидерите.

Путин соопшти пред новинарите дека тој и Обама пронашле „многу заеднички точки” околу 15 -месечното востание против претседателот Башар ал-Асад.

Обама, пак рече, дека тој и Путин се согласиле околу потребата “политичкиот процес” да ги запре конфликтите.

Би можело да ве интересира

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти