Нуркач загина во потрагата по жртвите од потонатиот јужнокорејски ферибот

Од:

Нуркач почина при операцијата за потрага по жртвите од јужнокорејскиот ферибот, што потона минатиот месец, соопштија локалните власти.

Како што јави ИТАР-ТАСС, 53-годишниот нуркач паднал во бесознание за време на нуркањето.

Бројот на потврдени смртни случаи во фериботот, што потона на 16 април, веќе изнесува 260, а уште 42 лица и натаму се уште се водат како исчезнати, иако практично нема шанси да преживеале.

На овој начин, реалната бројка на загинати веројатно ќе изнесува 302 од вкупно 476 лица, колку што биле на палубите на фериботот.

ДПА информира дека операцијата на трагање по останатите тела е попречувана од лошото време и слабата видливост што го оневозможуваат влегувањето во потонатиот брод.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски