Новозеландскиот министер за здравство ја прекршил забраната за движење, возел велосипед

Од:

Министерот за здравство на Нов Зеланд, Дејвид Кларк, и се извини на премиерката Џасинда Ардерн откако беше фотографиран како вози велосипед во текот на карантинот во земјата, воведен заради коронавирусот.

Министерот Кларк се бранел дека тоа била единствената шанса во текот на денот кога може да вежба, но и дека е свесен дека ги прекршил препораките на сопственото министерство и дека се извинува заради тоа.

-Свесен сум за својата грешка и јасно ми е дека сега не е време за занимавање со различни активности, рече Кларк , кого го фотографирал минувач кога со комбе се довезол до парк во близина на неговата куќа.

Премиерката изјави дека очекува министрите да ги следат упатствата што се бараат од граѓаните, но се уште не се знае дали Кларк за оваа грешка ќе ја изгуби позицијата во нејзината влада, пишува „Гардијан“.

Нов Зелан е на четвртото ниво на блокада заради пандемијата на коронавирусот, што значи на граѓаните им се препорачува да останат во своите домови, а дозволени им се куси прошетки и рекреација, но се замолени да не се изложуваат на ризик од повредувања.

На островот е регистриран 71 нов случај на зараза, а вкупниот број на заболени сега изнесува 868 и едно умрено лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска