(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Од:

Четири лица се повредени откако маж со секира и чекан ги нападна гостите во неколку кинески ресторани во Оукланд, Нов Зеланд. На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како луѓе бегаат, откако напаѓачот влезе во објектите и почна да ги напаѓа гостите.

Сведоците рекоа дека мажот имал и голем број други оружја, вклучително и „нешто што личи на чекан“. Полицијата соопшти дека на местото на настанот е уапсен еден кинески државјанин кој е обвинет за нанесување тешка телесна повреда.

Властите не го соопштуваат идентитетот на напаѓачот или неговата возраст. Полицијата вели дека нападот најверојатно не е расно мотивиран и во моментов се третира како изолиран инцидент. Полицијата извести дека четири лица се повредени, а тројца од нив завршиле во болница и дека се стабилни.

Нападите се случија во рестораните Zhangliang Malatang, Yues Dumpling Kitchen и Maya Hotpot. Еден вработен рече дека инцидентот започнал неочекувано и дека човекот само „влегол внатре, извадил предмет налик на чекан и ги нападнал луѓето што седеле на маса“.

Готвач во еден од рестораните рече дека сè изгледа „како воена зона“: „Таму имаше млада личност на околу 20-ти години, со крвава глава. Стоеше некое време, а потоа се струполи на подот“.

Еден од сведоците изјави дека напаѓачот и пришол на една девојка одзади и ја удрил со секира по глава.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов