Новите гласови на протестот во Африка

Од:

Монд дипломатик – Париз

Двојно повисоката цена на нафтата во 2012 година беше точка пресвртница која распали големи протести уште од независноста на земјата.

Нигерија има 65 милиони интернет корисници, па не изненадува тоа што социјалните медиуми се често вжештени. Токму тоа се случи на 7 февруари, кога Ројтерс во Дакар (Сенегал) обвјави вест дека нигериските претседателски и парламентарни избори закажани за 22 февруари – дуел помеѓу актуелниот во заминување претседател Гудлак Џонатан и пензионираниот генерал и поранешен диктатор Мухамаду Бухари – ги одложиле за 28 март. Независната државна изборна комисија одлучи армијата која се бори со Боко харам на северот од земјата, дека не може да гарнатира ибзорите да поминат безбедно. „Оттогаш сум преплашена“, рече пејачката и активистка Адуке Ајобамиделе Аладекомо. „Социјалните мрежи се преплони со се понасилни пораки“.

На претходните избори во 2011, Адуке, ќерка на забар и адвокат, која е поранешна студентка по историја и стартешки студии на државниот Универзитет во Лагос, многу малку се интерсирала за политика. Таа вели: „Всушност, како и повеќето од мојата генерација кои сме родени во 90-ите и на крајот на диктатурата, бев тивка и неизанттересирана. Најголемата грижа за мене е што голем дел од мојата земја влезе во нов динамизам“.

Но 2012 беше точката пресвртница. Во Нигерија се случи најголем бран на протести уште од независноста на земјата во 1960 година, поттикнати од ненадејнното двовјно поскапување на цената на нафтата откако владата сопре со субвенциите за горивата. Во јануари 2012, Адуке ја сними песната „Слушни го гласот“, посветена на „оние кои не можат да се изразат себеси, кои се невидливи, сите оние кои преживуваат во длабока сиромаштија“. Песната која беше пуштана за време на демонстрациите стана химна на младите демонстранти. Со недели тие заедно излегуваа со стотици илјади вработени во државната администрација и синдикалци, со невработени и работници од прватниот сектор, со членови на муслиманските и пентакосталните организации, со актери во Ноливуд и познати имиња од урбаната музика. Во 2014, наглата девалвација на нигериската наира ја зголеми цената на есенцијалните увезени добра. Од 170 милиони нигеријци, 64 милиони се помеѓу 15 и 34 години, а две третини од нив немаат работа.

Адуке го троши времето на нејзиниот мал бизнис со маици и со нејзиниот бенд Стикс, стрингс енд војсис. Нејзиниот концерт на 25 февруари беше организиран во Паркот на слободата во Лагос, како поддршка на „Што е доста, доста е!“, организацијата која ја предводи Јеми Адамолекун и која во 2010 се постави како чадор организација за кампањите на младинските организации за подобар квалитет на животот и ставање крај на корупцијата. Тие ги куражат младите луѓе да гласаат и ги користат социјалните мрежи да го максимизираат своето влијание. Во 2014 година, 11 милиони нигеријци биле на Фејсбук и скоро 6 милиони на Твитер, „Штое доста, доста е!“ има многу странски поддржувачи, меѓу кои и Фондацијата отворено општество на американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Во 2012, откако претседателот Џонатан конечно се согласи да ја намали цената на нафтата, двата најголеми синдикати во Нигерија, Нигерија лејбор конгрес и Трејд јунион конгерс оф Нигерија, сопреа со демонстрациите. Средношколците и студентите решија да продолжат да се борат. Полицијата брутално го прекина протестот со смрт на 15 луѓе, меѓу кои беше и Мустафа Мујаидин, 23-годишник кој стана симбол на злоупотребената младина. „Тивката генерација“ повеќе не може да се нарече замолчена.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска