Новата подваријанта на омикрон опфаќа 82 отсто од инфекциите во Данска

Од:

Варијантата омикрон на вирусот SARS-CoV-2, чија најчеста форма е позната како BA.1, сега ги опфаќа речиси сите инфекции со коронавирус во светот, иако драматичното зголемување на случаите веќе го достигна врвот во некои земји.

Научниците сега го следат зголемувањето на случаите предизвикани од „блискиот роднина“ на омикрон варијантата позната како BA.2, која почнува да го надминува BA.1 во делови од Европа и Азија, пишува Ројтерс.

Ројтерс објави преглед на сите досега познати информации за новата подваријанта на омикрон.

Формата BA.1 на омикрон сочинуваше 98,9 проценти од сите инфекции со коронавирус во светот заклучно со 25 јануари 2022 година. Ова се сите инфекции пријавени во јавната база на податоци за следење на вирусот – ГИСАИД. Светската здравствена организација (СЗО) вели дека неколку земји пријавиле зголемување на случаите на инфекција со BА.2 – субваријантата на омикрон.

Покрај BA.1 и BA.2, СЗО препознава уште две омикрон подваријанти – BA.1.1.529 и BA.3. Сите овие омикронски подваријанти се тесно поврзани, но секоја содржи мутации кои го менуваат неговото однесување.

Тревор Бедфорд, компјутерски виролог во Истражувачкиот центар за рак Фред Хачинсон, кој ја следи еволуцијата на коронавирусот, ги проучувал податоците од GISAID и преку Твитер информираше дека BA.2 претставува околу 82 отсто од случаите во Данска, девет отсто во Велика Британија и осум отсто во САД.

BA.1 е полесен за следење од претходните варијанти на вирусот бидејќи му недостига еден од трите гени кон кои е насочен обичниот ПЦР тест. Се претпоставува дека подваријантата BA.1 ги предизвикала сите случаи на инфекција во кои била забележана таква комбинација на гени. Ниту, пак, подваријантата BA.2, попозната како „скриена“ подваријанта, го нема гореспоменатиот ген. Сепак, научниците ја следат на ист начин како и претходните варијанти, вклучувајќи ја и делтата. Поконкретно, тие ги бројат геномите на вирусите кои се предадени на бази на податоци како гореспоменатиот GISAID.

Домашните тестови можат да ја идентификуваат подваријантата BA.2, но не и да кажат која варијанта на вирусот ја предизвикала инфекцијата, пишува Ројтерс.

ЦДЦ потврди дека BA.2 циркулира на ниско ниво во САД. Два случаи на BА.2 беа потврдени во округот Санта Клара минатата недела.

Во однос на тоа дали оваа подваријанта е полоша од омикрон или делта, д-р Дипак Сривастава, претседател на институтот Гладстон објаснува дека полесно се пренесува, но засега се чини дека не предизвикува потешка форма на болест.

– Сепак претстои да го проучиме тоа, рече д-р Сривастава.

Професорот Неван Кроган е директор на Институтот за квантитативни бионауки. Тој го анализираше BA.2 во споредба со оригиналниот сој омикрон: На многу начини тие се слични. Секој од нив има околу 50 мутации. Има 30 мутации кои се преклопуваат помеѓу овие два вируса, појасни професорот Кроган.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски