Нова анализа: Пилотот на летот „МХ 370“ патниците ги оставил без кислород

Од:

Новата анализа за исчезнување на малезискиот „Боинг 777“ на летот МХ 370 од Куала Лумпур кон Пекинг, покажува дека пилотот се заклучил во кабина и патниците ги оставил без кислород, заклучи искусниот истражувач на воздухопловни несреќи Јуен Вилсон, кој изминативе месеци спроведе голема независна истрага за причината за исчезнувањето на авионот.

Тој е уверен дека сите патници починале четири часа пред авионот да се урне во океанот, а негова теза е дека пилотот Захарие Ахмад Шах намерно направил декомпресија во патничкиот дел и сите ги оставил без воздух.

Во авионите има автоматски систем кој сигурно им исфрлил маски на сите патници, но резервите на кислородот биле доволни за само 20 минути. Оние кои во тој момент спиеле или од некоја друга причина не можел да ги земат своите маски, веројатно починале за неколку минути, а сите останати нешто подоцна.

Вилсон тврди дека откако пилотот ги онеспособил патниците и екипажот, ги избегнал радарите и го насочил авионот кон морето, бидејќи според него тука лежи објаснувањето зошто до сега не се пронајдени остатоците од леталото кое исчезна на 8-ми март.

Инаку Вилсон пред да започне да се занимава со истраги на авионски несреќи и самиот бил пилот на комерцијални летови, а има и сопствена авиокомпанија „Киви ерлајнс“.

Тој вели дека до овие заклучоци кои ги објави во книгата „Добра ноќ, Малезија 370“, која ја напишал заедно со новинарот Геоф Тејлор, дошол отфрлајќи ги сите други можни алтернативи.

Во книгата се наведува дека пилотот страдал од ментално заболување и дека успеал да го наговори својот копилот Фарик Хамид само 40 минути по полетувањето, да замине на пауза, а потоа се заклучил и за последен пат се јавил на контролата со зборовите „Добра ноќ, Малезија 370“.

Е. Г.

.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски