Нов силeн земjoтрес во Пакистан, има нови жртви и материјална штета

Од:

Југозападен Пакистан, што на почетокот на неделата беше опустошен од силен земјотрес, денеска повторно беше разнишан од силен потрес, соопштија светските агенции.

Според првичните податоци, силата на потресот изнесувала меѓу 6,8 и 7,4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на потресот бил на 36 километри длабочина.

Новиот моќен потрес во провинцијата Белуџистан предицвика значителни човечки загуби и материјални штети, појаснија претставници на локалните власти, цитирани од пакистанскиот приватен телевиски канал ГЕО.

Стотици куќи од непечени тули во провинцијата се разурнати, оштетени се телефонски линии во регионот на градот Машки, што се наоѓа најблиску до епицентарот. Потресот бил почуствуван дури во Карачи, мегаполисот во јужен Пакистан, и во градот Квета, престолнината на Белуџистан. И двата града се разместени на неколку стотици километри од епицентарот.

Новиот потрес беше на 14 километри длабочина и на 96 километри северно од округот Аваран. Тој беше зафатен од најсилниот потрес со магнитуда од 7,7 степени според Рохтер, кој во вторникот го однесе животот на над 500 лица.

Многумина од настраданите во првиот земјотрес се жалат дека до нив не стигна никаква помош од властите, кои не можат да дојдат до оддалечените села во Белуџистан, населен од девет милиони жители и со површина еднаква на површината на Италија.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран