Два дена по скандалозниот повик на малезискиот министер за земјоделство да се бојкотираат локалните бизнисмени од кинеско етничко потекло, Малезија ја затресе уште еден скандал на национална основа. Повод е оглас објавен во овдешниве медиуми во кој фабрика за производство на уреди за одржување хигиена во домаќинствата порачува – „ купете ги нашите производи и ослободете се од домашните помошнички од Индонезија!’’.
Против пораката на овој оглас денеска остро реагираше амбасадата на Индонезија во Куала Лумпур, а извесно е деа скандалот нема да заврши само со дипломатската нота. Медиумите во Индонезија, коментирајќи ја пораката од Малезија, потсетуваат дека токму граѓани од Малезија ги обавуваат работите на куќни помошнички и чистачи на улици и канализација во соседниот Сингапур.
Најнезгодно во сето ова е што по два дена во Малезија, во прва државна посета од кога е избран, доаѓа претседателот на Индонезија Јоко Видодо кој, според медиумите во Џакарта, не ќе може да ја избегне и оваа тема.