Норвешките разузнавачи го третираат нападот во Осло како чин на исламски тероризам

Од:

Норвешките разузнавачки служби задолжени за борба против тероризмот објавија дека го третираат како акт на исламски тероризам пукањето во кое беа убиени две лица, што се случи во саботата вечерта во бар што го посетува мнозинството ЛГБТК популација .

Осомничениот е уапсен веднаш по нападот во кој загинаа две лица, а бројот на повредени се искачи на 21. Тој има долга историја на насилство и закани, а на радарот на службите бил од 2015 година во врска со загриженоста за неговата радикализација „и припадност“ на мрежа на исламски екстремизам, рече на прес-конференција шефот на PST, Роџер Берг.

Полицијата претходно соопшти дека се работи за 42-годишен норвешки државјанин со иранско потекло познат на полицијата, но за полесни кривични дела. Според Берг, разузнавачките служби разговарале со него минатиот месец, но не оцениле дека имал насилни намери.

PST е запознаен и со проблемите поврзани со неговото ментално здравје, додаде тој. Нападот се случи во ноќниот клуб London Pub во центарот на градот. Се пукало и на други места во близина. Нападнатиот ноќен клуб е популарен меѓу ЛГБТК заедницата.

Граѓаните кои се нашле на местото на настанот помогнале во апсењето на напаѓачot, за што полицијата им се заблагодари.

Полицијата извршила претрес во станот на напаѓачот и биле запленети две парчиња огнено оружје употребено во нападот. Сите индиции се, тврди полицијата, дека напаѓачот дејствувал сам и претходно одлежал неколку месеци затвор за дела поврзани со дрога.

Разузнавачките служби го подигнаа нивото на закани во земјата поради нападот во Осло.

Би можело да ве интересира

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби

(ВИДЕО) Снежна бура во Норвешка, хаос во Осло