Норвешка со 205 милиони евра ќе и помогне на Украина да обезбеди гас за зимата

Од:

Норвешка со две милијарди круни (околу 205 милиони евра) ќе и помогне на Украина да обезбеди гас за претстојната зима, најави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

– Како резултат на војната, Украина има итна потреба од надворешна поддршка. Украина побара од Норвешка да преземе водечка улога за да гарантира пристап до енергија. Ние се согласуваме и предлагаме да се искористат две милијарди круни за да можат Украинците да купуваат гас оваа есен и зима, наведе Сторе.

Двете милијарди круни се дел од веќе ветената помош од 10 милијарди круни од Норвешка за Украина, што ќе бидат исплатени преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која ќе има задача да го набави гасот.

– Нашиот придонес за набавка на гас главно ќе помогне да се обезбеди греење за болниците и училиштата во Украина оваа зима и можност за подготовка на топла храна, истакна Сторе.

Тој упати апел до другите европски земји да го следат примерот на Норвешка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Ирина Фарион не го преживеа атентатот

Горан Наумовски